ПОЗИТИВНИ ЕФЕКТИ

Органски ѓубрива


врз основа на Вермикомпост (Биохумус)

Позитивни ефекти

  • го зголемуваат приносот за 20-30%;
  • ја зголемуваат количината на шеќери, протеини и витамини во овошјето и зелен-чукот
  • ја зголемуваат продуктивноста на почвата и ја подобрува нејзината структура;
  • го скратуваат вегетациониот период;
  • го зголемуваат волуменот, масата и ја подобрува формацијата на коренот;
  • ја зголемуваат отпорноста кон стресни ситуациии, суша и студ;
  • го зголемуваат имонолошкиот систем на младите растенија;
  • го подобруваат процесот на фотосинтеза и акумулација на хлорофилот;
  • ја намалуваат содржината на нитрати во земјоделски производи;
  • го зголемуваат интензитетот на бојата на лисјата и значително го подобрува де-коративниот изглед и квалитетот на цвеќето;

Денес, во многу земји во светот се практикува органското земјоделство со примена на органско-минерална земја врз основа на компост, вермикомпост и течен биохумус, со цел да се произведе еколошки чиста земја, за одгледување на разни видови култури.

Со обработката на органскиот отпад од растителното и животинското потекло и неговото компостирање и вермикомпостирање, се произведуваат не само органски ѓубрива, туку се намалуваат и оптоварувањата за отстранување на органскиот дел од отпадот. Процесот на вермикомпостирање го претвора органскиот отпад во високо вредно органско ѓубриво и овозможува да се добијат поконцентрирани препарати кои ги содржат речиси сите компоненти. Овие препарати имаат стимулативно дејство на одделни физиолошко-биохемиски процеси во одделни фази од развојот на растението.

Произведените препарати можат да најдат широка примена не само како биостимулатори за растот и развојот на растенијата, туку и како средства за заштита од различни заболувања и штетници, како и средства за намалување на заморот на почвата и за зголемување на нејзината отпорност кон студ и замрзнување.

Примената на биохумусот и течните хумински биопрепарати ќе им овозможи на земјоделците да произведуваат еколошки безбедни производи, таканаречени “биопродукти”. Целта на овие производи е и да се заштеди, со што скапите минерални ѓубрива и агрохемикалии делумно се заменат или целосно се исфрлат од употреба.