ЗА НАС

ОРГАНСКИ ЖИВОТ


“Органски живот” се занимава со производство и продажба на течни органски ѓубрива и биохумус односно вермикомпост.

Идејата на “Органски живот” е да со модерен и комплексен спектар на органски ѓубрива придонесе за обновување и реставрација на загадената почва и за создавање на здрава и еколошка средина, како основа за производство на чисти еколошки производи.

Според сите лабораториски испитувања и тестови, органските ѓубрива на “Органски живот” се чисти еколошки екстракти од глистењак (добиени од преработка на калифорниски црви), кои немаат никакво штетно дејство на околината, не се токсични и овозможуваат да се произведат органски производи.

Нашата цел е со комбинирана примена на биохумусот и течните ѓубрива добиени од него, да им се овозможи на земјоделските производители да одгледуваат “био” овошје или зеленчук, без да користат минерални ѓубрива или агрохемикалии.

Компанијата има сопствено производство во Тиквешкиот регион каде што се создадени услови за одгледување на калифорниски црви. Развојот на рецептурата на нашите производи се одвива во соработка со Рускиот хемиско-технолошки универзитет Д.В. Менделеев и со надзор на професорот Игор Титов. Квалитетот на нашите производи можат да го оценат лозарите, полјоделците и овоштарите кои се најмногу застапени во овој регион. Примената на течните хумински биопрепарати ќе им овозможат на земјоделците да произведуваат еколошки безбедни производи, таканаречени “биопродукти”.

Сите производи се регистрирани во МЗШВ.