БИОХУМУС - ОРГАНИКА
ВЕРМИКОМПОСТ
“Биохумус-Органика” е органско ѓубре, или биохумус, добиено по пат на вермикомпостирање, идеално за одгледување на квалитетен расад кое ја обезбедува и балансира исхраната, го стимулира растот и развојот на растенијата и ја зголемува отпорноста кон сите видови болести. “Биохумус-Органика” наоѓа примена не само како биостимулатор туку и како средствo за намалување на истоштеноста на почвата и нејзино подобрување.
Растенијата имаат поздрав и побогато развиен коренов систем, поголем број листови и цветови и намален процент на измрзнување при екстремно ниски температури.
Се применува во сите видови култури: во земјоделството, градинарството, шумарството, хортикултурата, декоративните растенија, за расад на зеленчук и цвеќе итн…

Прашања
и одговори

Просечната доза на биохумусот изнесува 2-6 тони на еден хектар, односно се меша со земја, хумус или тресет во сооднос 1:4 или 1:5. При садење, во еден квадратен метар на сртот (гребен) се става 100-200 грама биохумус, се меша со земјата, се наводнува и внимателно се засадува расадот.
При ваквото дозирање може да се намали дозата на минералните ѓубрива за 30-50%, а при повисоки дози може воопшто да не се применат традиционалните минерални ѓубрива и агрохемикалии. Неговата ефикасност се задржува и до 4-7 години.
Биохумусот може да се аплицира на отворен терен во секое време, дури и во доцна есен, без страв дека земјата ќе ги изгуби богатите компоненти за време на зимско-пролетниот период, при дождовите и топењето на снегот. Дури и ниските дози на биохумусот значително влијаат врз растот, развојот и здравјето на растенијата, цветањето, плодовите и жетвата (во квалитативна и квантитативна смисла) на различни култури.
ЗА ЗДРАВА ПОЧВА И ЕКОЛОШКИ ПРОИЗВОДИ
