ХУМИСТАР С
БИОСТИМУЛАТОР
“Хумистар С” е чист еколошки екстракт од глистењак (добиен од преработка на калифорниски црви) или течен биохумус, кој нема никакво штетно дејство на околината, не е токсичен, не содржи загадувачи и овозможува да се произведат еколошки чисти земјоделски производи.
Може да се аплицира преку системот капка по капка или фолијарно (во текот на вегетацијата), на разни видови култури: во земјоделието, градинарството, шумарството, за тревници, декоративни растенија, расад на зеленчук и цвеќе, хранлива материја за почвата и како составен дел за подготовка на почвени смеси, за обновување на загадената почва итн…
Употребата на "Хумистар С" како биостимулатор за раст во растителното производство, на заштитен или отворен терен со малку материјални трошоци и отсуство на несакани ефекти, на секој од земјоделството му овозможува големи економски бенефиции. “Хумистар С" овозможува да се произведуваат високо квалитетни и еколошки земјоделски производи и да се намалат загубите за време на складирањето.

Прашања
и одговори

За да се засили ртењето на семките во земјоделските култури се препорачува, семките, пред посејување да се потопат во разреден Хумистар С. Ова е посебно важно за никнување на малите семиња со мал потенцијал за растење. При семенска употреба на течниот биохумус, семињата на грашокот, гравот и останатите зрнести плодови се киснат на собна температура. Растворот се меша со вода во сооднос 1:20. Семките се ставаат во кеса и при тоа е неопходно е добро да се промешаат.
Фаза на раст на ластари10л ѓубриво на 1000л вода/1хектар се мешаат и се аплицира фолијарно;
После цветањеСе аплицира по системот капка по капка; 20л ѓубриво на 1000л вода/1хектар;
Фаза на зреење на зрната10л ѓубриво на 1000л вода/1хектар, се мешаат и се аплицира фолијарно;
Фаза на опаѓање на листот10л ѓубриво на 1000л вода/1хектар, се мешаат и се аплицира фолијарно;
ЗА ЗДРАВА ПОЧВА И ЕКОЛОШКИ ПРОИЗВОДИ
